Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити успеа да слави во дербито на 32. коло на Премиер лигата над Манчестер Јунајтед со 2:1.
„Граѓаните“ го совладаа градскиот ривал и лидер на табелата на неговиот стадион „Олд Трафорд“, што е втора победа по ред на неговиот терен.
Манчестер Јунајтед со овој пораз ја прекина серијата од 16 натпревари без пораз.
Првиот гол во 51.минута го постигна Џејмс Милнер. „Црвените ѓаволи“ изедначија осум минути подоцна откако по ударот на Фил Џонс топката го удри Винсент Компани во грбот и заврши во мрежата на гостите. Конечните 1:2 ги постави Кун Агуеро во 78.минута, откако во игра влезе само седум минути пред голот.
Со оваа победа Манчестер Сити ја намали бодовната разлика на 12 бодови.
Манчестер Јунајтед остана со 77 бодови и солидна предност во борба за титулата во однос на шампионот Манчестер Сити, кој има 65 бодови.