Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РСМ, 8 април 2020 година (среда), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во Република Северна Македонија.
Од Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на ромската заедница во Република Северна Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.