Грчки медиуми: Европскиот парламент побара неодложно решение на прашањето за Скопје

Од:

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ)ги повика земјите членки да почнат пристапни преовори со Македонија пред крајот на јуни годинава, јавија грчките медиуми.

Во резолуцијата за извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата од 2012 година, пратниците во Комитетот го повикаа комесарот за проширување да направи проценка на последиците од не-проширувањето, во која ќе ги вклучи и клучните ризици за земјата ако продолжи статус кво состојбата, потсетувајќи дека Макдонија има кандидатски статус од декември 2005 година, јави дописникот на МИА од Атина пренесувајќи ги извештаите од локалните медиуми.

„Катимерини“ нагласува дека пратениците сметаат оти отворањето на преговорите може да им даде нова динамика на понатамошните реформи и да промовира поволни односи со соседните земји. Во резолуцијата се поздраува конструктивната улога на Македонија во нејзините односи со другите земји кандидати, и посебно се истакнува неодамнешниот состанок меѓу претставниците на владите во Скопје и Софија.

Пратениците исто така го истакнаа фактот дека спорот за името продолжува да го попречува пристапниот процес кон ЕУ и повикаа на конечен договор под покровителство на ОН, без понатамошно одложување, нагласуваат информативните гласила.

Грчките медиуми јавуваат дека во исто време, европратениците изразиле загриженост во врска со постоечките тензии во меѓуетничките односи во земјата. Тие побараа Владата да испрати јасна порака дека дискриминацијата врз основа на етничкиот идентитет нема да се толерира во земјата. Пратениците, исто така, инсистираат на потребата за поголеми напори за зајакнување на антикорупциското законодавство и да се обезбеди независност и непристрасност на судството во пракса.

Резолуцијата на известувачот Ричард Ховит беше усвоен од Комитетот за надворешни работи на ЕП со 39 гласа за и 13 против. За резолуцијата ќе се гласа и на пленарна седница на Европскиот парламент која најверојатно ќе се одржи во мај во Стразбур, информираат медиумите во Грција.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски