Словачка го ограничува движењето налуѓето шест денови

Од:

Словачка има намера да го ограничи слободното движење на луѓето од среда до 13 април, најави премиерот Игор Матович.

Луѓето ќе можат да одат на работа, да купуваат или на лекар, изјави синоќа Матович на прес-конференција.

– Целта на тие мерки е да се избегнат непотребни патувања и состаноци и на тој начин да се избегне непотребно инфицирање на нашите роднини и најблиски, рече тој.

Постои традиција во Словачка за Велигден, што годинава за католиците и протестантите е на крајот на оваа недела, да посетува роднини и пријатели.

Ограничувањата мора да бидат одобрени од Владата што ќе се заседава денеска.

Словачка веќе забрани меѓународен патнички транспорт, сите јавни настани, затвори училишта и повеќето продавници за да го ограничи ширењето на новиот коронавирус. До неделата, регистрирани беа 485 случаи на заразени со новиот коронавирус во Словачка.

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина