Шефот на унгарската дипломатија Сијарто во Скопје ќе предаде помош за справување со коронавирусот

Од:

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска, на негова иницијатива ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија, за време на која предвидени се средби со шефот на дипломатијата Никола Димитров, како и со други високи претставници на земјава.

Како што соопшти МНР, соработката во справувањето со глобалната пандемија COVID-19 ќе биде во фокусот на разговорите, а во тој контекст заедно со унгарската делегација ќе пристигне и конкретна помош за Северна Македонија, за полесно надминување на овие предизвици.

-Воедно, за време на средбата ќе се разменат и информации за натамошните чекори во европската агенда на земјата по добивањето на позитивната одлука на Советот за општи работи на ЕУ за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија. Ќе бидат разгледани и билатералните односи, можностите за нивно понатамошно унапредување, како и продлабочување на соработката и солидарноста помеѓу двете земји, но и во рамките на Европската Унија, наведуваат од МНР.

По средбата, министрите Димитров и Сијарто ќе одржат прес-конференција која ќе може да се проследи во живо на лајвстрим во ХД резолуција со превод на македонски јазик од изјавата на унгарскиот министер. Новинари и камери, како што се посочува, не се предвидени во Министерството, а прашањата треба да ги испратат до МНР најдоцна 15 минути пред почетокот на закажаната прес-конференција.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија