Во Општина Маврово и Ростуше, која е соседна општина на Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба поради појавата на коронавирус, во домашна изолација се само десетина лица, а за среќа нема сомнителни случаи, ниту пак потврдени заразени лица.
Во изминатиот период, од појавата на опасниот вирус во домашна изолација беа стотина лица, главно пристигнати од Италија и Германија.
Градоначалникот на оваа општина, Медат Куртовски, кој раководи и со Општинскиот кризен штаб за МИА изјави дека жителите строго ги почитуваат препораките и мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.
-Им благодарам на жителите од нашата општина кои строго ги почитуваат препораките и мерките на надлежните. Секако, нивната совесност придонесува да немаме појава на „Ковид-19“. Тука секако и превземените мерки од страна на Крзниот штаб,пред се дезинфекција на објекти и јавни површини, оценува Куртовски.
Додаде дека со цел да им се помогне на семејствата кои се во потешка социо – економска положба издвоени се средства со кои ќе се набават прехрнмбени и други прозводи.
-Ние како локална власт издвоивме 100.000 , а Националниот парк „Маврово“ 60.000 денари, што ќе ги трансферираме во општинската организација на Црвен крст од Гостивар која ќе набави прехрамбени и други производи. Пакетите со хумантарна помош ќе ги распределуваат претставници на месните заедници, посочува Куртовски.
Со оваа помош ќе бидат опфатени 170 семејства, а списокот е подготвен по предлог на раководствата на месните заедници.