Мајката на Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски починала денес на Клиниката за пулмологија во Скопје. Посмртно и бил земен брис за да се провери дали била заболена од коронавирусот, а резултатите се очекуваат во текот на утрешниот ден.
„Таа починала денес. Имала тешка општа здравствена состојба. Посмртно е земен брис, но генерално, досега немала наод за присуство на Ковид-19. Резултатите ги очекуваме, штом ги добиеме, ќе информираме“, велат од кабинетот на Пендаровски.
Досега, посмртно, коронавирусот е потврден кај кумановчанка, која беше првата жртва на коронавирусот во државава. По неа, втор случај на посмртно земен брис беше на стружанката, која со претходна респираторна болест беше донесена во струшката болница. Вчера, министерот Венко Филипче информираше дека и кај 74-годишен велешанец кој почина пред неколку денови, посмртно било утврдено дека боледувал од коронавирусот.