Директорот на велешката болница: Починатиот бил вратен дома бидејќи така проценил докторот, јас сметам дека нема пропуст

Од:

Директорот на велешката болница, Божидар Бојаџиев, вели дека починатиот пациент на кого посмртно, денеска му е дијагностициран коронавирусот, не бил вратен од велешкото инфективно одделение, туку станувало збор за проценка на докторот, дека тој може да се лекува дома. Бојаџиев за „А1он“ вели дека според него нема пропуст од страна на персоналот, туку постапување согласно протоколот. Но, тој немаше одговор зошто пациентот бил транспортиран со Брза помош до болницата, иако вработените му кажале дека можел да самостојно да се движи.

„Јас мислам дека нема пропуст. Постапено е според проткол. Пациентот е прегледан и испратен на домшано лекување со соодветна терапија. Најуредно прегледан. Земена е епидемиолошка анкета, од неа, нема информација дека имал симптоми на коронавирус. Имал симптоми без основа на анкетата од докторот, кога бил донесен. Дадена е терапија и кажано е да биде во домашна изолација. Така проценил докторот, бидејќи имаме протокол и неколку нивоа за тоа кога пациент се задржува на болничко лекување“, вели Бојаџиев за „А1он“.

Тој објасни дека пациентот нема температура и бил подвижен, иако бил донесен со Брза помош, тврдејќи дека пациентот станал и влегол самостојно во болницата. Вакви сознанија добил директорот од вработените, кои му кажале дека пациентот бил дури изненаден зошто бил донесен во болница со скафандер.

„Во анкетата не кажале дека имале контакт со заболен. Сега почиантиот, бил изненаден зошто бил донесен во болница. Сам станал, сам се движел. По прегледот. сам си отишол до возилото на Брзата помош, према кажувањата на персоналот“, додава Бојаџиев.

За починатиот велешанец, „А1он“ пишуваше пред два дена, кога доби сознанија дека откако му била направена епидемиолошка анкета и земен брис во попладневните часови, веќе вечерта неговата состојба се влошила и бил транспортиран со Брза помош до Инфективното одделение-Велес, каде не бил хоспитализиран и вратен дома. По неколку часа, тој починал.

Случајот го испитува и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска