Државниот санитарен инспекторат испитува како починал 78-годишниот велешки пациент

Од:

Министерството за здравство излезе со информации околу смртта на 78-годишниот пациент од Велес, за кој „А1он“ информираше уште пред два дена.

Според податоците добиени од велешката болница, Министерството инфомира дека во вторникот 16часот од страна на дежурниот лекар на инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Велес бил прегледан пациент на 78 годишна возраст – донесен како итен случај со возило на Итната медицинска помош, бидејќи имал претходно закажан термин од матичен лекар во 19:20 часот.

Пациентот бил болен 4/5 дена пред прегледот со покачена телесна температура и кашлица со искашлување на секрет, лекуван од матичен лекар со антибиотик – парацетамол и витамини. Роднините негирале епидемиолошка поврзаност со контакти сомнителни или заболени од корона вирусна инфекција. На денот на прегледот фамилијата забележала кај пациентот розеникав по боја искашлок и побарале да му биде земен брис од страна на епидемиолошката служба и да биде прегледан неколку часови порано од веќе закажаниот термин.

Во моментот на преглед, пациентот бил без температура, во стабилна општа состојба со бронхитичен наод на бели дробови, поради што му е ординирана антибиотска терапија, бронходилататорна, експекторанс, витамини и даден совет за домашна изолација, како и контрола на резултатот од земениот брис. Се било уредно евидентирано – со документација, а проценка на докторот е според симптоматологијата како да постапи. Земена е епидемиолошка анамнеза и од неговата ќерка.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во однос на причината за смртта на велешкиот пациент, информира Министерството.

Би можело да ве интересира

Пациенитет од денеска можат да ја гледаат листата на чекање за хируршки интевенции

Министерството за здравство истражува дали имало дозволи за транспортот на мозоци во САД

Катерина Ѓуровски

МЗ за мозочните примероци: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Горан Наумовски

Министерството за здравство ги објави имињата на експертите од странската комисија за истражување кардиолошки и кардиохируршки операции

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

MЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не уредува дали некој ќе пуши, туку определува каде тоа не смее да се практикува

А1он