Во својата шивачка работилница прилепчанка секојдневно шие заштитни капи за лекарите

Од:

Професионалната шивачка Македонка Ристеска од Прилеп своето искуство и знаење го ставила на располагање да помогне на здравствените работници и веќе цела недела неуморно шие заштитни капи и калоши за медицинскиот персонал.

Како што вели таа, до неодамна нејзината шивачката работилница била затворена, бидејќи никој веќе не барал нарачки за облека или поправки, па решила да шие капи за лекарите, сестрите и болничарите.

За само една недела успеaла да сошие над 700 заштитни капи кои се донирани во прилепските болници.

„Сакав да се бидам корисна и да помогнам таму каде што е најпотребно. Се пријавив на Фејсбук групата за медицинска опрема и се понудив да изработувам капи и калоши за лекарите и за медицинските сестри. Ги кројам и шијам сама во моето дуќанче кое деновиве е затрупано од работа. Како материјал користам обични најлонски кеси, конец имам на залиха, а работната рака не ја штедам, само да бидат заштитени нашите лекари. Во првата тура за неколку дена сошив 500 капи и тие беа донирани во општата болница во Прилеп, вчера завршив уште една нарачка од 220 парчиња кои беа наменети за лекарите ЈЗУ Здравствен дом Прилеп и еве сега со полна пареа работам на 300 нови капи за инфективното одделение“, вели Ристеска.

Соседите и околните дуќанџии дознале за нејзината работа, па и тие се вклучиле со помош во материјал. Во нејзината работилница почнале да носат најлонски кеси од кои таа ги прави заштитните капи за медицинските работници.

„За првата тура сама набавив најлонски кеси, тоа се обични проѕирни кеси што ги даваат во маркетите кога пазарувате. Капите што ги шијам не се од медицински материјал, но во услови на криза кога лекарите немаат никакви, мислам дека ќе бидат повеќе од доволни за да се заштитат. Гледам да сошијам што е можно повеќе, затоа што брзо се трошат“, вели Ристеска.

Таа додава дека се чувствува исполнето што со својата работа може некому да помогне. Откако ќе ги заврши нарачките за прилепското инфективно одделние, продолжува да шие за другите болници во државата кои ќе имаат потреба од капи и калоши.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп