Почнуваат разговорите за спорот за името

Од:

Во Њујорк денеска почнуваат средбите на посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц и претставниците на Македонија и на Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.

За денеска рано попладне, според локално време, е предвидена одделната средба на Јолевски и Нимиц, кој денеска треба да се сретне и со грчкиот дипломат Василакис.

По консултациите со властите во Македонија и во Грција, утре наутро, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, ќе се одржи и заедничката средба на тројцата учесници во разговорите, по што е предвидено обраќање на Нимиц за претставниците на медиумите.

При закажувањето на оваа рунда средби, Обединетите нации најавија дека нивна цел е да се продолжат разговорите за да се изнајде взаемно прифатливо решение за прашањето за ‘името’.

Последната рунда разговори се одржа на 29 и 30 јануари кога двете страни изразија подготвеност за брза нова средба.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска