Мицкоски: Моите мисли се со кумановчани, загрижен сум што процентот на заразени здравствени работници е се поголем

Од:

„Во овие моменти на тешка здравствена криза, но и економска, моите мисли се со кумановчани каде заразата се шири со значителна прогресија. Куманово секогаш бил слободарски град, првенец во многу работи“, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

„Денес, кумановчани како и сите ние имаме поинаков предизвик, борбата против короната. Меѓу луѓето со право владее страв и неизвесност. Но, нема поефикасна борба од таа да се почитуваат мерките за самоизолација и да се остане во домовите. Воедно, во овие тешки мигови моите мисли се и со здравствените работници, полицијата кои се во првите редови во борбата поротив зарзата.

Додека сите ние во времето на полицискиот час седиме во домовите, има луѓе кои даваат се и се борат. Загрижен сум што процентот на заразени доктори и здравствени работници станува се поголем. Секој човек ни е важен и секој живот вреди.

Да ги рушиме стереотипите и да не се стигматизираат луѓето заразени од овој опасен вирус.

Македонија е земја на хуманоста и таа била одлика на нашиот народ со децении и векови. Без оглед на ислучоците, хуманоста е лицето на Македонија. Заедно ќе се бориме и заедно ќе победиме, затоа што ја сакаме Македонија“, вели Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО