МНР: Досега вратени 2.207 наши државјани од странство

Од:

Вкупно 2.207 македонски државјани се вратени во земјава заклучно со 4 април, покажуваат податоците на Министерството за надворешни работи кое го организира враќањето на наши граѓани затекнати во странство.

Како што објави МНР на фејсбук профилот, од 22 март до 4 април на Глобалниот контакт центар за конзуларни услугу во итни ситуации на Министерството се пријавиле 5.228 македонски граѓани од целиот свет кои сакаат со авион да се вратат во земјавата. Од нив 2.890 се согласиле да бидат сместени во државен карантин. Најголем дел од повиците – 93 проценти или 4.861 доаѓаат од Европа, а 272 повика се регистрирани од континентите вон Европа.

Со досега реализираните чартер – летови од Ла Валета, Загреб, Љубљана, Виена, Базел, Минхен, како и по два лета од Берлин и од Келн/Бон во земјата се вратиле 1.445 наши државјани. Преку три хуманитарни конвои со автобуси и автомобили од Црна Гора, Турција и Словенија обезбедено е враќање на 150 наши државјани. Со посредство на Австрија и Португалија во земјава се вратени и 11 македонски државјани од Перу.

МНР во соработка со странски претствништва кај нас, репатрираше и над 600 странски државјани меѓу кои и на Австрија, Австралија, САД, Франција, Хрватска, Црна Гора и Косово.

По избувнувањето на пандемијата со коронавирусот сите гранични премини на земјава беа затворени на 16 март, а на 18 март беше затворен и Меѓународниот аеродром Скопје. По враќањето во земјава сите патници се упатуваат во државен карантин.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани