ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заев и Спасовски танцуваат со пандемијата, животите на илјадници кумановчани се загрозени

Од:

„Танчерите Заев и Спасовски предизвикаа хаос во Куманово. Додека тие танцуваат со пандемијата, животите на илјадници кумановчани се загрозени.

Илјадници стари и изнемоштени, хронично болни и семејства со мали деца беа оставени да се снаоѓаат со храна, намирници и лекови само заради тоа што танчерите решија да ги известат со задоцнување за воведувањето на тридневен полициски час“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и Спасовски задлабочени во танцот, заборавија навреме да ги предупредат граѓаните да се подготват и го принудија цело Куманово во неколку часа да излезе на улица со што создадоа услови за масовно ширење на вирусот и ги доведоа во опасност животите на кумановчани.

Република Македонија нема време за импровизации. Потребна е одговорна економска политика веднаш. СДСМ не ја познава економската логика и ја турка државата кон бездна.

Десетици илјади работници ќе останат без плата поради квази мерките на Владата, кои имаат за цел да носат политички поени на Заев, ама не и помош на фирмите.

Наместо квази мерки. Владата треба веднаш да изврши пренамена на средствата од вториот пензиски столб. Дополнително банките да издадат благајнички записи за државни обврзници.

Потребна е брза реакција. Веднаш! Економијата нема време за чекање. Луѓето не се експериментални глувци. Незнаењето на СДСМ создава паника и несигурност кај граѓаните.

Аматеризмот не смее да продолжи. Доколку СДСМ не знае, тука сме да помогнеме“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски