Димитриевски: Дополнителното ограничување на движењето требаше да се најави

Од:

Требаше да се најави дека ќе има дополнително ограничување на движењето во Куманово, смета градоначалникот, Максим Димитриевски. Но, тој е дециден дека продолжувањето на полицискиот час во градот била неопходна мерка, поради евидентното зголемување на бројот на заразени лица од коронавирус.

„Одлуката за ограничување во движење е неопходна, треба сите да ја почитуваме за да се спречи пандемијата. Дали требаше да се најави? Да секако, општинскиот штаб за заштита и спасување тоa го бараше уште од 22 март. тТоа што поединци целово оваа време неодговорно се однесуваат и не ги почитуваат препораките и мерките на штабот и Владата, не доведува сите во сеопшта опасност од пандемија“, посочува Димитриевски.

Тој најави дека жителите на Куманово кои немале можност да се снабдат со неопходни намирници, ќе добиваат асистенција за време на викендот.

„Треба да сме свесни и дисциплинирани, можеме да издржиме до понеделник. Тие што немаат можност да се снабдат со најнеопходното ќе добијат асистенција овие два дена. Колективното здравје е приоритет број еден. Жалам за сето ова низ што поминуваме сите заедно. Апелирам на смиреност и без паника ќе го надминеме и ова. Целта е да го спречиме ширењето на вирусот, држете дистанца и останете дома“, додава Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Влегло во погрешен автобус, завршило во Скопје – пронајдено шестгодишното девојче од Куманово

Катерина Ѓуровски