Четворица гостиварчани обвинети за непочитување на прописите против коронавирусот

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, со кои на судот му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби.

Двајца од обвинетите во одделни кривично правни настани, на 2 април послужувале гости седнати на маси во внатрешноста на нивните угостителски објекти. Со тоа, обвинетите со умисла не постапиле според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19.

Останатите обвинети, во одвоени кривично-правни настани не постапиле според прописите и наредбите, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Витаминка донираше флаширана вода за граѓаните на Гостивар

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода

Експертски тим од скопски „Водовод“ ја контролира водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање

Клековски: Состојбата во Гостивар се стабилизира, нема нови хоспитализации

До крајот на неделата технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната