Од денеска, четири цистерни активно работат на миење и дезинфекција на улици и фреквентни локации низ Карпош.
Се мие и дезинфицира пред маркети, аптеки, банки и други места, каде што е забележано поголемо присуство на граѓани.
„Покрај двете цистерни на Општина Карпош, на терен мијат и дезинфицираат и цистерните на фирмите „Анизор“ и „Гранит“. Станува збор за една четири тонска и една седум тонска цистерна, кои се резултат на општествена одговорност на овие компании. Денеска, се миеја и дезинфицираа улици и фреквентни локации во Карпош 3, Карпош 4, Бардовци, Злокуќани, Бардовци и Тафталиџе (кај пазарчето)“, велат од Општина Карпош.
Локалната самоуправа продолжува со секојдневните активности за унапредување на јавната хигиена и заштита на граѓаните од коронавирус.
Општина Карпош ги повикува сите граѓани, да ги почитуваат препораките од ресорните институции, да избегнуваат собирање во големи групи и движење во затворени простории.