(ВИДЕО) Серафимовска: Бараме укинување на државната матура за учебната 2019/2020

Од:

„Во ек на светска пандемија и целосна блокираност на образовниот систем, македонската влада импровизира и си игра со иднината на илјадници ученици.

ВМРО-ДПМНЕ веќе една недела алармира за потребите од итни мерки за наставно образовниот процес, а власта не презема ништо.

Немаме време за импровизации. Иднината на илјадници ученици зависи од одлуките што ќе бидат донесени во наредните неколку дена“, вели Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ бара итно укинување на државната матура за учебната 2019/2020 година за сите ученици. Донесување Уредба со која ќе се овозможи запишување на факултет без матура за сите ученици кои завршиле средно образование во оваа учебна година.

Оние ученици кои заради понатамошниот образовен процес, надвор од Република Македонија имаат потреба од полагање на матура, истото да можат да го сторат во септември.

Учениците не смеат да бидат жртви на непромисленоста на Владата. Очекуваме итно укинување на матурата. Учениците пред се“, изјави Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус