Спасовски: Никој не смее и нема право да биде насилен кон друг човек

Од:

Премиерот Оливер Спасовски вечерва на својот Фејсбук статус го осуди насилството врз девојката од Штип и најави дека лично ќе се заложи сите владини институции најитно да постапат за девојката да биде веднаш заштитена, а насилниците да бидат што поскоро казнети.

– Во овие моменти, сите мора да покажеме свест и одговорност, и политичарите, и медиумите и граѓаните. Ги повикувам медиумите и граѓаните да не го споделуваат вознемирувачкото видео, за да ја почитуваат приватноста на девојката. Никој не смее и нема право да биде насилен кон друг човек. Добро е што институциите веднаш постапија и очекувам резултати од тоа постапување наскоро. Ги охрабрувам сите оние кои сведочат, или пак самите се жртви на насилство да пуштат глас и да пријават, за институциите да постапуваат. Никој не треба да живее во страв или тортура, тоа е основно човеково право и зад тоа секогаш ќе стојам и лично како човек а и како институција, напиша Спасовски.

Би можело да ве интересира

Мајка во МВР пријавила насилство, децата и биле истепани од таткото, дедото и бабата

Маж од Марино ја тепал и ја давел партнерката, а потоа ја нападнал и нејзината мајка

56-годишен маж од Ѓорче Петров бил истепан од поранешната сопруга

Левица: Во “скандинавска” Битола жртвите на семејно насилство се оставени на цедило

Спасовски: Славевски нема да добие поддршка од опозицијата

СДСМ повторно го поднесе Законот за поддршка на настраданите во Кочани

Катерина Ѓуровски