Анкета: Трамп не беше подготвен за здравствената криза

Од:

Според резултатите од анкетата на интернет порталот „Политико“ и компанијата „Морнинг консалт“ 61 процент од регистрираните гласачи во САД оцениле дека претседателот Доналд Трамп не бил пдготвен за управување со здравствената криза предизвикана од Ковид-19.

Според анкетата 14 отсто од испитаниците изјавиле дека Трамп бил „многу неподготвен“ за соочување со кризата, 15 проценти дека бил „делумно неподготвен“, 14 отсто дека бил „многу подготвен“, а 18 процени оти бил „делумно подготвен“.

Одговорите на испитаниците во голема мера зависат од нивната политичка ориентација. Така 63 отсто од приврзаниците на Републиканската партија изјавиле дека Трамп бил подготвен, а 85 проценти од гласачите на Демократска партија го тврдат спротивното.

Резултатите од анкетата покажуваат дека гласачите кои не се привразаници на ниту една партија оцениле дека Трамп не бил подготвен за кризата – 65 отсто, додека 26 проценти дека бил подготвен, а само осум отсто навеле дека бил многу подготвен.

Анкетата е спроведена на крајот од март и било поставено прашањето за работата на Конгресот за време на пандемијата. Само 28 проценти од испитаниците изјавиле дека Конгресот е подготвен за кризата, а 62 дека не е.

Додека на прашањето дали Трамп добро ја извршува претседателската функција, позитивно се изјасниле 45 отсто од испитаниците, а 52 проценти одговориле негативно.

Во САД досега се регистрирани 215.357 лица инфицирани со Ковид-19, од кои 5.113 починале, а оздравеле 8.878 луѓе.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ