Норвешките лутериански бискупи одобрија црквите да се користат и за граѓански погреби за време на кризата предизвикана од епидемијата на коронавирус.
Бискупите велат дека тоа е порака на солидарност со другите верски заедници.
„Норвешката црква е важна институција во општеството. Сакаме секого да поддржиме во кризно време“, изјави Атле Сомерфелдт, претседател на бискупската конференција на Норвешката црква.
На локалните жупаниски совети им е наложено да одобрат користење цркви за нерелигиски погреби, се вели во соопштението.
Согласно мерките за сузбивање на ширењето на коронавирусот, одржувањето миси е запрено од средината на месец март.