МАПАС: Средствата од задолжителните пензиски фондови се во сопственост на членовите

Од:

Средствата на задолжителните пензиски фондови се во сопственост на членовите на пензиските фондови. Тие се евидентирани на индивидуални сметки во пензиските фондови и претставуваат личен имот на членот. Секоја интервенција врз средствата на членовите е исто како интервенција во штедна сметка во банка, удели во инвестициски фонд и слично. Секоја интервенција на уплатата на придонесите на индивидуалните сметки го загрозува износот на пензијата на идните пензионери, порачуваат од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

Една од целите поради кои е креиран вториот столб, велат од Агенцијата, е во иднина да се намали фискалниот товар на државата при исплата на пензиите.

-Секоја краткорочна мерка поврзана со интервенција во капитлано финансирано пензиско осигурување ќе влијае негативно на долг рок и ќе го зголеми фискалниот товар на идните генерации, се вели во соопштението од МАПАС. Оттаму потенцираат дека во моментов во задолжителните пензиски фондови членуваат околу 515.000 членови.

Од МАПАС посочуваат дека оваа реакција следува по објавените информации во медиумите за примена на мерки за помош на економијата преку интервенција во вториот столб од пензискиот систем на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

ВМРО-ДПМНЕ: Сите пратенички групи да го поддржат Предлог законот за зголемување на пензиите

Горан Наумовски

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ