Киргистанскиот претседател Сооронбај Жеенбеков денеска ги смени од функциите вицепремиерката Алтинај Омурбекова и министерот за здравство Космосбек Чолпонбаев откако вчера ги искритикува за нивните недоволни напори во борбата против ширењето на коронавирусот, пренесоа француските медиуми.
Указите за ослободување од функциите на Омурбекова и на Космосбек денеска беа објавени на сајтот на претседателот.
Претседателот Жеенбеков изјуви дека здравствените власти дејствувале пребавно при утврдувањето на кругот на лица со кои Киргистанците биле во контакт, а кои претходно имале позитивни наоди на тестирањата.
До овој момент киргистанските власти информираа за вкупно 111 заразени со Ковид-19 во земјата, но не и за смртен случај. Првите зарзени лица беа откриени по нивното враќање од аџилак во Саудиска Арабија.
Оваа поранешна советска република со население од приближно шест милиони, што се граничи со Кина, е првата земја кој доби итна помош за борба со пандемијата од Меѓународниот монетарен фонд. ММФ минатата недела одлучи на Киргистан да му додели помош од околу 121 милиони долари.