Според извори во Италија, тимот на Ферари му предложил нов договор на четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел со намалени финансиски параметри.
Тековниот договор на германскиот пилот со „Скудерија“ истекува на крајот на годината и нема јасност за неговата иднина во италијанскиот тим. Сè уште не е јасно каква е одлуката на Фетел, а одложувањето на првите осум старта на првенството ќе ја одложи конечната одлука за неговата идна кариера.
Во декември, тимскиот колега на Себ во Ферари, Шарл Леклер доби нов, долгогодишен договор како награда за неговиот силен настап минатата година.
За местото на Фетел во „Скудерија“ силно се шпекулира со името на неговиот поранешен колега во Ред Бул, Даниел Рикардо, кој сега се трка за Рено, и со она на Карлос Сајнц од Мекларен.