Двајца државјани на Албанија не го почитувале полицискиот час во Струга

Од:

Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против две лица, државјани на Република Албанија, заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

– Обвинетите, на возраст од 26 и 20 години, на 29 март околу 19 часот се движеле по улицата „Маркс и Енгелс“ во Струга, при што биле затекнати од овластени полициски службеници. Со ова тие постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19, информираат од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител на Судот му предложи да им изрече парична казна на обвинетите во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 30 евра во денарска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Ново обвинение за Мерко, овој пат за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим

Двајца браќа од струшко село повредиле жена која патувала во комбе

Само една плажа на струшкото крајбрежје има обучени и лиценцирани спасители

Починато бебе однесено во струшката болница

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот