На 15-ти март група граѓани од Охрид поставија спомен-плоча близу Оздолени, Охридско во чест на големиот војвода на ВМРО – Тома Давидов.
За жал, плочата траеше само две недели. Таа беше уништена од вандали, велат од Обединети за Македонија.
„Уништувањето на плочата на војводата Тома Давидов е чин на вандализам и непочитување на сопствената историја. Обединети за Македонија не може, а да не реагира на вакво ништење на нашата историја“, соопштуваат од Обединети за Македонија.
Оттаму упатуваат апел до Министерството за внатрешни работи да го расчисти случајот и да ги пронајде уништувачите за да одговараат пред Законот.
Никој нема право да уништува нешто што е потсетник на нашата борба за ослободување, велат од Обединети за Македонија.