Албанската Влада му подарила на Косово објект во приватна сопственост

Од:

Три семејства од Тирана се гневни поради постојаното одбивање на Владата на Албанија да им го врати една четирикатната зграда узурпирана од страна на државата, јави дописникот на МИА.

Но, на место да им го врати имотот на неговите сопственици, семејствата Миракај, Ресули и Адами, Владата таа иста зграда и ја подари на косовската влада и во неа повеќе од една година е сместена Амбасада на Репулика Косово во Тирана.

По низата поплаки на адреса на државните инситуции во Албанија и Косово, трите семејства одлучија да протестираат пред Косовската амбасада во Тирана, изјави за весникот „Коха диторе“ еден од соптвениците на зградата Едвин Ресули.

– Сопственоста е нешто свето. Нашите поплаки ниокј не ги слуша и нашиот следен чекор ќе бидат протестите на улица, поточно пред Амбасадата на Косово. Ќе протестираме додека не биде ослободен нашиот имот, нагласи Ресули.

Според него, семејствата наследници на овој имот,  сакале да протестираат кога Косово ја одбележуваше петтата годишнина од својата независност, но не го направиле тоа бидејќи косовското дипломатско претставничтво се наоѓа меѓу амбасадите на Русија и Србија, кои и натаму силно се противат на независноста на Косово.

Тој додава дека сега ќе почнат со протести бидејќи и албанските и косовските инситуции се оглушуваат на одлуката на Судот во Тирана од 2011 година со која имотот треба да им биде вратен.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина