Нови информации за кралското семејство: Принцот Хари ја информирал кралицата за напуштањето преку „е-маил“

Од:

Светската јавност доби нови информации во врска со британското кралско семејство, новиот извештај вели дека Хари и Меган ги известиле кралицата и принцот Чарлс дека ќе се повлечат од династијата преку е-пошта.

Според „Дејли меил“, непосредно пред да се вратат во Лондон на почетокот на јануари, Хари се обратил преку својата е-пошта до кралицата и принцот Чарлс за да им рече дека тој и Меган сакале да го напуштат кралското семејство за да имаат поголема приватност“.

Ова, наводно, предизвикало некои проблеми, затоа што кралицата и Чарлс не сакале Хари да „избрзува“ во својата одлука.

Извор сподели дека „брачниот пар сака нешто поразлично да направи во својот живот, но дека тоа станало навистина комплицирано бидејќи прашањата околу безбедноста, финансирањето, визите и данокот не биле решени, а за тоа Хари и Меган претходно не размислувале.

Исто така, во извештајот се вели дека Хари мисли дека семејството сака да го „каменува“, и затоа тој одлучил да расчисти со нив.

Како и да е, се чини дека ситуацијата во кралското семејство е под голема тензија, иако според тврдењата на одредени медиуми, Меган пренела на своите пријатели дека Хари комуницира со принцот Вилијам и кралицата на еден „рационален начин“.

Би можело да ве интересира

Меган и Хари отворија нова веб-страница

Page Six: Војводата и војвотката од Сасекс моментално се разделени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе завршеа како принцезата Дијана: Папараците два часа ги бркаа низ Њујорк

Ана Ололовска

Децата на принцот Хари и принцезата Меган ќе ги носат титулите принц и принцеза

Кралот Чарлс ги покани Хари и Меган на крунисувањето: Двојката одби да потврди присуство на церемонијата

Уште една пресуда во корист на Меган Маркл

Ана Ололовска