ВМРО-ДПМНЕ: Владите во светот преземаат сериозни мерки, а Заев и СДСМ се однесуваат крајно неодговорно

Од:

„Македонската економија моментално е во очајна состојба. на стопанството му е потребна сериозна помош за да ја преброди кризата со корона вирусот. во овие тешки времиња на граѓаните најмалку им е потребно политиканството на СДСМ.

Граѓаните видоа дека во време на вонредна состојба министрите на Зоран Заев потрошија 8 милиони денари на кафеани и службени патувања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ предлага на истата владина седница на која ќе се расправа за законот за финансирање на партии, да се разговара и за доброволно откажување од платата на Рената Дескоска од 70 илјади денари, а на братучедот на Дескоска, Николче Тасевски да му се одземе платата од 188 илјади денари. Истото би требало да се преземе и кон Оливер Спасовски кој зема 90 илјади денари или Радмила Шекеринска со 80 илјади денари.

Да не се заборави и на Дамјан Манчевски кој ќе ја докаже хуманоста и ќе се откаже од платата од 70 илјади денари, Мила Цароска од платата од 74 илјади денари и Роберт Поповски од платата од 72 илјади денари како и Никола Димитров од платата од 72 илјади денари.

Излезе на виделина расипништвото и неработењето на Владата во изминатите 3 години. Додека во светот владите преземаат сериозни мерки за справување со здравствената и економската криза, Заев и СДСМ се однесуваат крајно неодговорно“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС