Размислувам позитивно и верувам дека сезоната ќе продолжи. Мислам дека на сите им е јасно дека „натпревари со духови“, односно пред празни трибини е единствен начин за завршување на шампионатот, рече тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик (55) за германската новинска агенција ДПА.
Баварците, како и милиони луѓе ширум светот, се однесуваат во согласност со новонастанатата ситуација со коронавирусот и пандемијата на болеста што го „тресе“ светот.
Водечката екипа во Бундеслигата тренира преку видео-конференциска врска, а играчите секојдневно работат во домашни услови или во паркови.
Некои бундеслигашки екипи, како Аугсбург и Волфсбург, се вратија на конвенционален тренажен процес, но не и Баерн М. кој нема да го стори тоа до 5 април, што е совет и на германската лига (ДФЛ).