Ципрас му честитал на Заев за членството во НАТО и одлуката за почеток на преговори со ЕУ

Од:

Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас во телефонскиот разговор со претседателот на СДСМ Зоран Заев му ја честитал одлуката за почеток на пристапни преговори со ЕУ и членството во НАТО.

„Господинот Ципрас му честиташе на господинот Заев и според истите извори истакна дека никој немаше да им верува на нив, на Никос Коѕијас или на Никола Димитров, ако пред три години кажеа дека ќе се случи сето ова. „Дека во една ЕУ што се наоѓа во длабока криза, каде што преовладуваат национализмот и националната изолација пораката за стабилност, меѓусебно почитување и надеж, ќе дојдеше од Балканот, особено од прогресивните сили од двете земји“, објави грчката новинска агенција.

Според истите информации двајцата поранешни премиери истакнале дека овие работи во регионот се уште поважни, сега, кога најважното е сите да се мобилизираат во справувањето со пандемијата.

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев, според АНА-МПА, ја потенцирал важноста на чекорите преземени од нашата земја за билатералните односи, за регионот и за Европа и додал дека прогресивните сили од двете земји дале пример за Европа, особено во тешките моменти.

Би можело да ве интересира

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина