Починаа 91 – годишен и 31 – годишен пациент од коронавирус, заболени уште 16  

Од:

На Клиниката за инфективни болести починале две лица заболени од коронавирус, извести министерот за здравство Венко Филипче. Едниот е пациент на возраст од 91 година кој осум дена бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, а другиот е 31-годишен кој бил во тешка состојба, поставен на респираторна машина вчера, интубиран, но претпладнево починал.

Вкупниот број на новодијгностицирани лица изминатите 24 часа е 16 со што вкупниот број заболени  од  коронавирус во земјава изнесува  257.

Министерот Филипче извести дека на  Инфективната клиника се примени тројца пациенти од Скопје и Куманово. Хоспитализирани се вкупно 49 пациенти.

„Седум од нив се со потешка клиничка слика, пневмонија, запаление на белите дробови“, рече министерот Филипче.

Во овој момент нема пациенти кои се лекуваат на респираторна машина, а стабилна е состојбата на сите други пациенти ширум државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он