Иванов-Назарбаев: Македонија, пример за меѓуетнички соживот

Од:

„Жалам што не успеавме порано да воспсотавиме контакти. Изгубеното време ќе треба да го надоместиме“, изјави претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, по средбата со казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев.

„И Македонија и Казахстан претставуваат мост на цивилзациска и културна соработка меѓу Истокот и Западот и двете земји играат значајна и клучна улога во своите реегион“, рече Иванов.

Претседателот Иванов нагласи дека Македонија практично го спроведува Дијалогот меѓу цивилизациите како нејзин регионален проект за промоција на етничките, културните, јазичните и верските различности и го покани претседателот Назрабев да учествува на следниот Самит на оваа иницијатива.

„Македонија е пример за меѓуетнички соживот, благодарејќи на уникатниот модел на интеграција без асимилкација, кој успеавме да го создадеме, сочуваме и надградуваме“, изјави претседателот.

Назарбаев потенцира дека Македонија е можеби еден од најважните пријатели на Казахстан, нагласувајќи го интересот на земјата за зајакнување на економската соработка и односи.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on