Десет деца се убиени во вчерашните бомбардирања на НАТО во источниот дел на Авганистан, соопштија денеска локалните власти.
Портпарол на Алијансата изјави дека околу десет жени и деца се повредени, но не и убиени во операцијата, која е извршена во нестабилната авганистанска провинција Кунар.