А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

МНР организираше враќање на 169 македонски граѓани од Хрватска

by А1он27/03/2020 - 18:48347
Share0

Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија, вечерва организираше враќање во земјата на 169 македонски граѓани од Загреб.

Следете a1on на Instagram Instagram

Претходно, во попладневните часови беше организиран лет за 118 македонски граѓани од Валета, Малта.

Репатријацијата беше организирана со летови на авиопревозникот Wizzair, којшто за овие две дестинации на јавниот повик од Владата на Република Северна Македонија, понуди најниска цена за авио билетите. Граѓаните се обврзани сами да ги покријат трошоците за авио превозот, додека задолжителниот 15 дневен карантин којшто беше еден од условите за нивна репатријација, е на товар на државата.

Повикувајќи се на приниципите на солидарност и во духот на добрата регионална соработка, на овие летови ќе бидат превезени и 9 странски државјани, 4 од Хрватска, 4 од Црна Гора и 1 од Косово.

Следете a1on на Youtube YouTube

Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон надлежните власти во Албанија, Хрватска, Италија, Косово/НАТО, Србија, Босна и Малта за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности. МНР продолжува со напорите за помош при враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани без регулиран престој во странство.

hrvatskakoronavirusmaltamnr

Би можело да ве интересира

Во Загреб пронајдени распаднати човечки останки, припаѓаат на поранешен хрватски ММА борец

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 15:50

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он25/09/2026 - 20:19

40 години затвор за убиецот на младиот доставувач на храна во Хрватска

Катерина Ѓуровски25/09/2026 - 13:5825/09/2026 - 16:14

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он10/09/2026 - 19:47

Дигиталната забава бара повеќе од добар дизајн: Како возрасните ја избираат вистинската онлајн платформа

Предраг Петровиќ08/09/2026 - 17:51

Опасниот отпад ја ниша хрватската влада

Предраг Петровиќ04/09/2026 - 15:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео