Тест по 14 дена самоизолација не е задолжителен, Филипче препорачува уште 14 дена изолација

Од:

Лицата кои 14 дена седеле во изолација поради сомнеж за коронавирус не е задолжително да се тестираат ако немаат симптоми. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека за ваквите лица се препорачува уште 14 дена да останат во домашна изолација.

„ На Комисијата за заразни болести се дискутираше за времетраењето на самоизолацијата  и заеднички стручен став на епидемиолозите е дека после карантинот од 14 дена нема потреба од тест туку 14 дена дополнителна домашна самоизолација. Тоа беше усвоено од страна на стручните лица во Комисијата“, рече министерот Филипче.

Ваквиот став на Комисијата за заразни болести министерот најави дека ќе се официјализира и како известување ќе биде дистрибуиран до сите институции.

Според официјалните податоци на Центарот за управување со кризи во самоизолација има 7.307 лица, со решенија за изолација се 618 лица, а под надзор се 390 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Филипче тврди дека има загадување на водата со колиформни бактерии и во болницата во Лешок

Филипче: Намерното запирање на европскиот пат е форма на државен удар

Катерина Ѓуровски

Филипче: Ризик во Гостивар постои од поголема катастрофа, труење со храна и хепатит

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема ниту еден резултат, реконструкцијата е само замена на имиња и нема да смени ништо

Филипче: Буџетот е празен, ребалансот е тотален дебакл на Мицкоски

А1он

Филипче: Нема да дозволиме изборен грабеж, нашиот став е принципиелен