Се дезинфицираат влезовите од станбените згради во Штип

Од:

Територијалната противпожарна единица и Јавното претпријатие „Исар“ преку своите екипи започнаа со дезинфицирање на влезовите и лифтовите од станбените згради во сите делови од градот.

ТППЕ Штип вчера работеше на дезинфекција на станбените влезови во населбата Осми Ноември, на улиците Булевар ЈНА и Енгелсова и во централното градско подрачје на улицата Ванчо Прќе.

„Додека јавното претпријатие „Исар“ ги дезинфицираше станбените објети на улица Пиринска во населба Автокоманда и на улицата Лески во населбата Баби. Ова е една од мерките донесени на Општинскиот штаб за заштита и спасување, затоа што досега нема точна информација колку граѓаните и куќните совети самоиницијативно имаат извршено дезинфекција“, велат од Општина Штип.

Во понеделникот отворен е пункт за тестирање на граѓаните од вирусот Ковид 19 или Коронавирус, позади пакингот на ЈЗУ „Панче Караѓозов“ од 08:00 до 14:00 часот со упат од матичен лекар.

Мобилните тимови на Општина Штип досега имаат излезено во пресрет на околу 50 семејства кои имаат побарано помош на броевите кадешто се јавуваат граѓани за помош.

Од Општина Штип апелираат граѓаните да ги следат насоките на Владата и на Министерството за здравство и да се информираат исклучиво од надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски