Пауел: САД можеби веќе се во рецесија

Од:

Претседателот на американските Федерални резерви (ФеД), Џером Пауел изјави дека САД можеби веќе се во рецесија.

Тој наведе дека прво мора да се стави под контрола епидемијата со новиот коронавирус, а потоа да уследи рестартирање на екомонијата.

– Прва задача на властите е да го стават под контрола ширењето на вирисот, а потоа да продолжат со економските активности. Во оваа ситуација вирусот ги диктира приоритетите, посочи Паул во интервјуто за американската телевизија Ен-Би-Си.

„Њујорк тајмс“ објави дека изјавата на Пауел е во спротивност со ставот на претседателот Доналд Трамп, кој навести дека сака голем број Американци да се вратат на работа по Велигден, што значи за помалку од три недели.

Трамп, исто така, оцени дека напорите за забавување на ширењето на Ковид-19 ги стопира активностите во голем дел од економијата, но оти тоа не смее да нанесе поголема штета од самата болест.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас