(ВИДЕО) Арсовски: Воено профитерство и во услови на криза – тестовите за Ковид-19 ги наплаќаат 4 пати поскапо од пазарната цена

Од:

„Вчера во медиумите можевме да видиме една слика исто така и на социјалните мрежи од тест во институтот за Јавно здравје за вирусот Ковид-19, каде што паѓа во очи цената, тест кој чини ни помалку ни повеќе туку 4.950 денари.

Токму така, тестот за граѓаните да можат да се проверат дали се заразени од корона вирусот или не во институтот за јавно здравје чини 4.950 денари. Бидејќи тестовите за граѓаните се бесплатни, ова е сумата која Фондот за здравство ја наплаќа од министерството за здравство.

Сето ова би било нормално, доколку тестовите во приватните клиники чинеа исто колку и во јавното здравство, а не трипати помалку односно 1.200 денари и 1.500 денари по тест во една од приватните клиники“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Разликата е огромна во цените на тестот од приватните клиники до јавното здравство, односно разликата во цената е дури 3.750 денари.

Вчера, како и за се останато, периодов видовме и слушнавме многу различни ставови од власта, најпрвин Венко Филипче не знаеше зошто цената е толку повисока на тестовите во јавното здравство, Фондот за здравствено осигурување немаше прецизен одговор рече дека понатака ќе одговори, за потоа министерството за здравство да реагира дека во таа цена влегувале и платите на луѓето и другите трошоци за одржување на институтот.

Од ниту една од институциите под капа на Венко Филипче и Ден Дончев, инаку сите знаеме од претходно вмешани во сериозни криминалии во врска со рекетирање на фирми кои се занимаваат со дијализа, нема конкретен одговор зошто цените се толку различни, односно зошто толку висока цена наплаќа Фондот на министерството.

Чудно е и тоа многу, како приватните клиники кои нормално е да имаат и имаат поскапи цени за услугите од јавното здравство, во цените од 1.200 и 1.500 денари немаат вкалкулирано плати за вработени и цени за одржување, односно тоа е цената колку што чинат тестовите. А, сите знаеме дека цените во приватното здравство се далеку поскапи од јавното.

Срамота е ова што се случува. Нема ниту една прецизна изјава каде што ќе се изнесе вистината во врска со набавката на тестовите за Ковид-19 и цената колку навистина чинат, и зошто е тоа така.

Ова што се случува е класичен криминал и воено профитерство. Доволно се молчеше, криминал правеа за кој имаат и претходно пријава Ден Дончев и Венко Филипче и пред кризата со корона вирусот, криминал прават и сега во моментот, каде што реализираат воено профитерство на грбот на граѓаните и во едно време каде што граѓаните се во сериозна криза во врска со заразата.

Со разликата од цената на тестовите, до цената која ја наплаќаат во јавното здравство ФЗО, ќе можеле да се купат 3.000 тестови повеќе за тестирање на граѓаните и наместо 1.000 тестирани до вчера, ќе можевме имавме 4.000 тестирани граѓани за појасна епидемиолошка слика, а не луѓе да дознаваат дека нивните блиски имале корона дури откако ќе починат истите.

Срамно и жално е колку немаат срам Венко Филипче и останатите да печалат на грбот на граѓаните како што тоа се случува сега со ова класично т.н. воено профитерство“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски