(ВИДЕО) Љутков: Со купување на македонски производи ќе ги спасиме работните места во компаниите

Од:

„Корона вирусот го смени животот. Епидемијата ја измени комуникацијата, но ги измени и економските текови.

Македонската економија е во опасност, македонските компании и македонските работници се пред тежок предизвик.

Наша заедничка одговорност е да им помогнеме, да не дозволиме тие да пропаднат, да не се затворат, да не се отпуштаат работници“, рече Зоран Љутков, претседател на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со купувањето македонски производи обезбедуваме егзистенција за сечие семејство. Со купувањето на производи од македонски компании, тие ќе обезбедат плата за работниците, работниците ќе купуваат производи од други компании и така ќе има за сите.

Со купување на македонски производи, ќе ги спасиме работните места во компаниите, ќе ја потпомогнеме економијата, ќе ја помогнеме Македонија, а таа – Таа така ќе има и за докторите, и за полицајците, за војниците, за пожарникарите. Да, ќе има и за уметниците, за културата.

Да си помогнеме самите на себе. Едноставно е, купувајте македонски производи. Затоа што ја сакаме Македонија“, изјави Зоран Љутков, претседател на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус