Повторен јавен повик за хотели со над 50 легла, за потребите на формирање државни карантини

Од:

Владата објави јавен оглас за интерес за сите хотели кои имаат над 50 легла во државата и се заинтересирани доброволно да ги отстапат капацитетите за формирање државни карантини со цел справување со ширењето на короновирусот. Заинтересираните можат да се пријават на огласот до 29 март до 12 часот.
-Владата на Република Северна Македонија објавува јавен повик за изразување интерес за сите хотели во државата кои имаат повеќе од 50 легла и кои се заинтересирани доброволно да ги отстапат своите капацитети за формирање државни карантини за населението со цел справување со коронавирусот. Максималниот надомест кој државата може да го обезбеди за капацитетите на хотелите изнесува до 10 евра (денарска противвредност) по легло, по ден, информира владината прес-служба.
Хотелите кои ќе ги стават своите капацитети на располагање треба да обезбедат три оброци дневно за секој граѓанин којшто ќе користи легло, како и одржување на хигиената во хотелот.
Сите заинтересирани хотели потребно е да се пријават најдоцна до 29 март (недела) до 12:00 часот, преку испраќање писмо за намери на следната емаил адреса: [email protected].

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски