Централна банка на Албанија ја намали основната каматна стапка

Од:

Централна банка на Албанија одлучи да ја намали основната каматна стапка за 0,5 отсто од сегашната 1 отсто, како мерка за минимизирање на последиците од состојбата создадена од коронавирусот.

-Ова е неопходна мерка за да се намалат трошоците за ново задолжување. Тоа е мерка за минимизирање на последиците од пандемијата со коронавирусот. Во тие рамки исто така одлучено е одложување на плаќањето на кредитите за 3 месеци, изјави гувернерот Гент Сејко.

Додава дека Централна банка на Албанија останува подготвена за минимизирање на финансиските проблеми и бара од сите сериозни напори со цел последиците да бидат помали.

Претседателот Илир Мета ја поздрави одлуката на Банката оценуваќи дека таа била повеќе од потребна во актуелната состојба.

„Ја поздравувам одлуката на Надзорниот одбор на Банката на Албанија за намалување на основната каматна стапка од 1% на 0,5%. Оваа одлука на Банката на Албанија е неопходна во создадената ситуација за да се координира олеснителната монетарна политика со фискалната политика што ја презема Владата,оценува Мета.

Централна банка на Албанија основната каматна стапка последно ја намали во 2018 година.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек