Словачка: Преку мобилните телефони ќе ги следат движењата на заразените со коронавирус

Од:

Во вонредна, итна постапка, словачкиот Парламент вчера одобри измена на Законот со што се овозможува на државата пристап до заштитените податоци за мобилните телефони на граѓаните за време на борбата против ширење на епидемијата на коронавирус.

Со 91 глас „за“ и 43 „против“, амандманот ќе им овозможи на државните здравствени власти да користат податоци за локација на мобилните телефони за да ги следат движењата и состаноците на луѓето заразени со коронавирус.

Владејачката четирипартиска коалиција, предводена од конзервативецот Игор Матовиќ, која е на власт од саботата, сака да провери дали се кршат карантинските регулативи.

Ако некое лице, тестирано позитивно на Ковид-19, болест предизвикана од новиот коронавирус, со новите мерки би се предупредувале луѓето кои стапиле во контакт со заразеното лице .

По протестите на Социјалдемократската опозиција, првичниот предлог на владата беше одбиен во парламентот, така што телефонските повици и СМС-пораките не може да се следат, туку само податоците за локацијата.

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина