ДОМ: Инспекторите да спроведат контроли поради загаденоста на воздухот

Од:

Зелената партија ДОМ апелира инспекторатите за животна средина да спроведат вонредни инспекциски надзори на индустриските капацитети во Скопје.

„Вчера, особено во ноќните часови загадувањето на воздухот во Скопје беше високо, со концентрација на ПМ10 честички над 100 µg/m3. Во услови на значително намален сообраќај, граѓаните се сомневаат дека аерозагадувањето потекнува од индустриските постројки.

Загадениот воздух е причина за заболувања на белите дробови, срцето и крвните садови и доведува до пад на имунитетот. Во овој период кога се соочуваме со сериозни закани по здравјето предизвикани од коронавирусот, чист воздух ни е потребен повеќе од било кога“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он