Шефот на сингапурскиот кризен штаб се расплака во Парламентот

Од:

Министерот за развој и шеф на сингапурскиот кризен штаб Лоренс Вонг вчера се расплака во Парламентот додека им заблагодаруваше на здраствените работници и другите за нивните напори во борбата против епидемијата со новиот коронавирус.

– Зборовите не се доволни, изјави Вонг и почна да плаче.

Сингапур со Ковид-19 се бори повеќе од два месеци и во изминатите денови бележи раст на „увезените“ случаи односно на заразени лица кои се враќаат во земјата.

Според најновите податоци во Сингапур со новиот коронавирус инфицирани се 559 лица, од кои две починале.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Катерина Ѓуровски

Во Сингапур уапсени 10 странци за фалсификување на 700 милиони долари

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска