Владата распишува тендер кој трае 12 часа за авионски превоз на македонските државјани во странство

Од:

Согласно Уредбата со законска сила за организирање авионски превоз на македонски граѓани со моментален престој во странство за време на вонредната состојба, Владата ќе организира авионски превоз за пренесување на македонските граѓани на територијата на Македонија, по претходно прибавена листа од МНР на пријавени патници, македонски граѓани со моментален престој во странство.

Од Владата информираат дека Генералниот секретаријат ќе објави јавен повик по дестинација и број на патници врз основа на доставените листи од страна на Министерството за надворешни работи, со цел прибирање на понуди за чартер летови од градовите во Европа до земјава.

По објавување на јавниот повик од страна на Генералниот секретаријат крајниот рок за прибирање понуди е 12 часа од моментот на објавување на повикот.

Критериум за доделување на договор за јавна набавка е најниската цена.

Генералниот секретаријат ќе склучи договор и ќе изврши плаќање на избраната најповолна понуда врз основа на дадениот критериум за избор.

„Лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор помеѓу нив и Владата  во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување на територија на Република Северна Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена“, известуваат од Владата.
Лицата ќе бидат преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин.

Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор.

Враќањето на средствата треба да го извршат на образец ПП-50 во кој треба да ги внесат следните податоци:

Назив на примач: Буџет на Република Северна Македонија
Транс.сметка 100 000000063095
Сметка на корисник   630010001963019
Приходно конто   725939  00
Во цел на дознака:  Враќање средства на сметка 040010007863713, расходно конто 420220 потпрограма 10.

Договорот помеѓу патниците и Владата на Република Северна Македонија, во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија има својство на извршна исправа и може да биде предмет на извршување во случај на неисполнување на обврската од договорната страна.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани