(ВИДЕО) Јанушев: Додека македонските доктори немаат маски за заштита, Шекеринска за ручеци и патувања потрошила над 1 милион и 300 илјади денари за 4 дена

Од:

„Додека речиси секој во државата се обидува да придонеси за надминување на ситуацијата со корона вирусот, владата е фатена во нов скандал.

И покрај тоа што има забрана за патување во странство, во екот на пандемијата со корона вирус, во перидот од 17-20 март оваа година, Шекеринск преку Министерството за одбрана потрошила 1 милион и речиси 43 илјади денари за за патувања. Во истиот овој период, за само 4 дена за репрезентација, ручеци и ресторани, мнинистерството за одбрана со кое раководи Шекеринска потрошило дополнително речиси 362 илјади денари.

Додека македонските доктори немаат маски, немаат респиратори, министерството со кое раководи Шекеринска тие пари ги троши на патувања и ручеци“, рече Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Заев ќе крати плати на работници, Шекеринска троши на ручеци и патувања.

Кризата на површина ги извади недостатоците на државниот систем. Три години не убедуваа дека блескаме, за само три недели буџетот доживее колапс.

Сосема е погрешно неспособноста на владата да се прекрши на грбот на работниците во администрацијата. Мерката на Заев за урамниловка на примањата на функционерите, министрите и раководителите со примањата на работниците во администрацијата е погубна и неефикасна. Урамниловката на платите на функционерите со платите на работниците е сериозен удар за работниците но и за здравото ткиво на економијата кое е непогодено од кризата затоа што во промет ќе има помала потрошувачка а со тоа и помалку пари.

Со мерката кратење на плати во администрацијата Заев практично осудува на глад многу семејства. Затоа што потрошувачката кошница за минатиот март изнесувала 32 852 денари, а со плата од 14.500 денари каква што предлага Заев не може да се подмират ниту основните трошоци, а не пак за плаќање сметки за струја вода и други трошоци, дополнително на ова трошоци за кредит на едно семејство кое што најчесто сите ги имаме.

Министрите може да живеат комотно но не е и граѓаните.

Заев осудува на пропаст и банкрот на многу семејства, и пропаст и банкрот на целата економија и затоа јавно го повикуваме да се откаже од намерата за урамниловка на платите на функционерите со платите на работниците во администрацијата“, изјави Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски