(ВИДЕО) Славевски: Сега е вистинскиот момент да си помогнеме самите себе си, купувајќи македонски производи

Од:

„Македонските компании се најдирекно изложени на штетните последици од пандемијата со корона вирусот. Извозот за нашите компании е речиси сопрен, на дневна основа губат милиони евра. Светот економски се затвори, се затвораат границите и транспортните коридори.

Сега е вистинскиот момент да си помогнеме самите себе си, купувајќи македонски производи“, рече Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во нашите маркети и продавници ќе најдете речиси се што е потребно од храна и пијалоци, средства за хигиена и козметика, и многу други производи создадени од наши компании. Од вредните раце на нашите работници.

Изборот нека падне на нашите производи, бидејќи економијата е таa која бара помош.

Со купување на македонски производи, произведени од македонски компании, вие го продолжувате работењето на компаниите, ја помагате економијата, вие помагате работниците да не заминат дома со празни раце.

Со купување на македонски производи, обезбедувате егзистениција. Купувањето на македонски производи денес значи љубов кон Македонија. Затоа што ја сакаме Македонија, купувајте македонско“, изјави Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски