Словенија почнува со масовно производство на заштитни маски

Од:

По набавката на соодветен материјал во Словенија почнува масовно производство на заштитни маски, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Материјалот пристигна во петокот, а потребните заштитни маски веќе почнува да ги произведува компанијата Боксмарк од градот Кидричево, објави СТА.

Според плановите неделно треба да се произведуваат од 40.000 до 45.000 маски, односно од 5.000 до 8.000 на ден.

Маските ќе ги произведуваат 132 шивачи, кои доброволно се пријавиле за работа по повикот на државата, бидејќи на земјата и недостасува заштитна опрема во борбата со коронавирусот.

Надлежните информираат дека откако ќе се задоволат потребите на медицинските и службените лица, заштитните маски ќе бидат дистрибуирани и во аптеките на слободна продажба.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски