Нови 15 случаи на заразени со коронавирус во Албанија

Од:

Со новопотврдените 15 случаи на коронавирус, бројот на заразени со овој опасен вирус во Албанија се зголеми на 104, од вкупно тестираните 856 лица.

Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу потврди дека мапата за изложеност на коронавирус е проширена и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките на надлежните.

-Само во последните 24 часа потврдени се 15 нови позитивни случаи, на 45 извршени тестови. Мапата на заболените од Ковид -19 веќе се проширува и затоа апелирам на строго почитување на препораките. Имаме една добра вест – дека излекувани се уште двајца пациенти, со што бројот на излекуваните се зголеми на петмина, рече Манастирлиу.

Во последните 24 часа починале двајца од пациените хоспитализирани во Инфективната клиника во Тирана, со што бројот на починатите од коронавирус се искачи на четворица.

Во Инфективната клиника хоспитализирани се 49 пациенти, од нив тројца се на интензивна терапија.

Од вкупната бројка, гледано по градови, најмногу се од Тирана или 68 лица, Фиер 12, Драч – седум, Валона – четворица, Каваја и Корча по три, по две во Елбасан, Љушња и Рогожина и едно лице од Скадар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја